Поврзете се со нас

Олимписки игри

Извлечени групите за олимпискиот ракометен турнир: Домаќинот Франција избра да игра против Данска

Објавено

на

foto:www.facebook.com/aalborghaandbold

Денеска во Париз се одржа ждрепката за олимпискиот ракометен турнир кој ќе се игра претстојново лето, а Франција како домаќин на натпреварувањето имаше ексклузивно право самата да бира во која група ќе се најде.

Откако беа извлечени сите селекции, Франција како домаќин избра да биде во групата А, па тоа значи дека реши во воведната фаза да ги одмери силите со еден од главните ривали за златниот медал, репрезентацијата на Данска.

Покај Франција и Данска, во групата Б се најдоа и Норвешка, Унгарија, Египет и Аргентина. Во групата А се репрезентациите на Јапонија, Шведска, Германија, Хрватска, Шпанија и Словенија, а таму се очекува да гледаме многу понеизвесни средби.

Ракометниот турнир во Париз ќе се игра од 27-ми јуни до 11-ти август, а четирите најдобро пласирани селекции од двете групи ќе се пласираат во четвртфиналето.

Првопласираните ќе играат против четвртопласираните, а второпласираните ќе играат против третопласираните.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни