Македонија

Митрески го чека Извештајот од ДИК за да ја закаже инаугуративната седница

Јован Митревски, кој се уште ја извршува функцијата претседател на Собранието, го чека извештајот на ДИК за да закаже инаугуративна седница.

Како што информираат од неговиот Кабинет, рокот за да го добие извештајот е до утре( петок) до 19 часот.

Митревски тогаш ќе ја закаже седницата на 12 мај( недела) во 12 часот.На седницата, новоизбраната претседателка Гордана Силјановска- Давкова ќе даде свечена изјава од кога го почнува и официјално претседателскиот мандат.

Оваа процедура е според уставните норми. На 12 мај му истекува мандатот на Стево Пендаровски.

На почеток