Останати спортови тенис

Неизвесен настапот на Синер на Ролан Гарос

Настапот на вториот светски тенисер Италијанецот Јаник Синер на Ролан Гарос кој започнува на 26 мај сè уште е под знак прашалник, објави денеска весникот „Газета дело Спорт“.

Според италијанскиот медиум, Синер сè уште не закрепнал од повредата на колкот во осминафиналето на Мастерсот во Мадрид против Русинот Карен Хачанов. Синер на крајот победи со 5-7, 6-3, 6-3, но одлучи да се повлече од турнирот пред четвртфиналето. Во меѓувреме, 22-годишниот Синер го пропушти и турнирот од Мастерс серијата во Рим.

Италијанските медиуми пишуваат дека Синер во моментов е на рехабилитација во тренинг центарот на Јувентус во Торино каде треба да биде до среда, а потоа по тестовите и разговорите со лекарите ќе донесе одлука дали ќе настапи на Ролан Гарос.

To top