„Парата буши“ каде бургијата не може: Само 12 отсто од играчите во Италија ги одбиле лажните богати понуди од Саудиска Арабија

Италијанската телевизиска емисија „Le lene“ направила интересен експеримент со италијанските фудбалери на кои им биле понудени лажни богати договори за трансфери во Саудиска Арабија.

Емисијата која се заминава со хумор и сатира, решила во експеримент да вклучи 50 фудбалери кои играат во Серија А или некогаш биле дел од италијанското првенство и на сите им дале иста понуда. Да заминат да играат во првенството на Саудиска Арабија за годишна плата од 30 милиони евра.

Интересно е дека дури 88 отсто од контактираните фудбалери рекле дека се заинтересирани за понудата, додека само 12 отсто категорично ја отфрлиле оваа лажна понуда.

Меѓу оние кои ја обиле понудата биле: Матија Перин од Јувентус, Федерико Бернадески од Торино, Лоренцо Пелегрини од Рома, Матија Закањи од Лацио и Џовани Симеоне од Наполи.

Интересно е дека од сите оние кои ја прифатиле оваа лажна понуда, само четворица дале дозвола нивните имиња јавно да бидат обелоденети и да бидат искрени дека би заиграле во Саудиска Арабија. Тоа се: Жоргињо од Арсенал, Балотели од Адана, Џакомо Бонавентура од Фиорентина и Стефано Сенси од Интер.

„Ако има конкретна понуда од некого, секогаш сум подготвен да ја слушнам. Плата од 30 милиони евра годишно? Да, можете да го контактирате мојот агент“, рекол Жоргињо.

И контроверзниот Марио Балотели не размислувал многу. „Секако дека може да дојдам таму, само зависи колкава е понудата. Треба да се седне, да се направи состанок и да се разговара. Плата од 30 милиони евра годишно? Тоа е во ред“, била реакцијата на Балотели.

- Оглас -

Најнови вести