Наместо „дуизација“, на ВМРО-ДПМНЕ му се случува тотална „албанизација“

Кај нас народот вели „си го бараше со боринче“ кога си играш со огнот. Тоа сега се чини ѝ се случува на ВМРО-ДПМНЕ поради тврдоглавите „патриотските“ игри и одбивањето да ги внесе Бугарите во Уставот. Да не беа тврдоглави, работата досега ќе беше завршена.

Наместо тоа, тие од петни жили почнаа кампања пред кампања, за денунцирање на Владата како предавничка, претставувајќи ја како премногу „дуизирана“, а мислејќи на „албанизирана“, затоа што во неа имало многу министри на ДУИ кои не се грижеле за националните интереси на Македонците и на државата. Особено трн во окото им беше МНР Бујар Османи, кој го водеше процесот на апроксимација на земјата во ЕУ, но и другите министри на ДУИ.

Во калкулацииите дека се пред гооолема победа на овие избори сметаа дека ќе бидат во позиција да бираат, како на пазар лубеница, со кого ќе коалицираат за состав на Владата. При тоа предност им даваа на партиите на Албанците од опозицискиот блок, без да им пречи што овие почесто се во Приштина на консултации одошто дома во Македонија. Не им сметаше ниту најавата дека на изборите во Македонија ќе трча и косовскиот премиер Албун Курти преку претставници на неговото „самоопределување“.

Веројатно правејќи ја стратегијата за постизборно коалицирање онака итромански пресметале дека овие од ЕСП се наивни бајчиња и ќе ги превеслаат подоцна, во текот на заедничкото владеење.

Но, се случи спротивното. Наместо да се отарасаат од она што го нарекуваа „дуизација“ на Владата на СДСМ, сега на ВМРО-ДПМНЕ ѝ се случува целосна „албанизација“, ако сакаат да формираат Влада.
Целата колумна на Љубиша Николовски за Фронтајн на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e