Есенските чизми на Анџелина Џоли кои не се по сечиј вкус - но се комбинација од сè што ви треба

Точка

25/11/2022

19:00

9.911

Големина на фонт

а а а

Она што ви треба наместо високи потпетици се кратки чизми со блок-пета, а тоа многу добро го знае Анџелина Џоли, која се појавила во феноменален пар вакви чевли.

Без разлика дали ги нарекувате чизми со дебела штикла, коцкаста потпетица или блок-пета, овој модел е едноставно непобедлив кога станува збор за практичната мода. 

Иако имаат висока потпетица, тие се многу удобни и доколку треба долго да одите или стоите, а овозможуваат и многу шик есенски изглед, особено ако се одлучите за чизми до глужд.


Актерката Анџелина Џоли била видена пред неколку дена во Лос Анџелес во едно такво издание, кога била фотографирана со својата ќерка Захара пред продавницата на Фред Сегал додека пазарувала.

Таа го избрала моделот на нејзината омилена модна куќа Валентино, чизми кои се високи до стапалото и глуждот, со заоблен горен дел и кои на стабилната пета го имаат златниот монограм на брендот.


Анџелина најчесто го избира само најдобриот квалитет, па сега носела херитиџ модел изработен од вистинска кожа, со потпетица од шест сантиметри, а го искомбинирала со елегантни црни панталони со широки ногавици и црн капут.

Чизмите со дебела потпетица се ретро тренд, кој беше лидер во текот на 60-тите, а во последно време ги освои и уличниот стил и формалниот стил, бидејќи е исклучително практичен начин визуелно да ја издолжите ногата и целата фигура, да изгледате секси и тренди, а во исто време да уживате во вашата удобност.




Спонзорирани линкови

Маркетинг