„Господ нека ни е напомош, кој знае што јадеме“- Домати 4 месеци стојат на собна температура,ниту менуваат форма, ниту мувлосуваат, а ниту пак скапуваат! (ФОТО)

Морав да го објавам ова јавно, па кој сака нека верува.
На 13 април купив зелени домати кои беа на распродажба во продавница во Dearborn Heights. Продавницата се вика Greenland и таму често може да се најдат добри производи за ниски цени. Претпоставував дека доматите или биле при крај или ги имале многу па сакале да ги распродадат што побргу. Купив цела кутијата.
Беше сеуште Велигденскиот Пост па направив неколку пати салата со нив, но како дојде Велигден и постот заврши, едноставно заборавив на нив и ги оставив во кујната на собна температура.
Како времето одминуваше заприметив дека доматите нити зреат, нити менуваат форма, нити мувлосуваат, а нити пак скапуваат.
Почнав да правам слики од нив речиси после еден месец од кога ки купив, на 11 мај. Помина цела пролет и дојде среде лето, а доматите си стојат на собна температура, мумифицирани, како вчера купени.
Баш ми е жал што ја фрлив оргиналната кутија и доматите ги префрлив во помала, па сега не знам кој е производителот.
Господ да ни е на помош.
Кој знае што се јадеме? – стои во објавата на фб.
Погледнете ги сите слики ТУКА