ВЕСТИСВЕТ

Почнува судењето на Трамп – прво во историјата на САД против поранешен претседател

.Поранешниот американски претседател и актуелен кандидат за функцијата од редовите на републиканците, Доналд Трамп денеска треба да се појави во окружниот суд во Њујорк каде треба да почне судски процес против него, пренесуваат светските медиуми. Станува збор за прв судски процес во историјата на САД, во кој на обвинителна клупа ќе седне поранешен претседател на Соединетите Држави кому ќе му се суди за кривично дело.

Трамп е обвинет за фалсификување на деловни книги за да го прикрие поткупот што и го исплатил на поранешната ѕвезда во филмови за возразни, непосредно пред претседателските избори во 2016 година, потсетува Би-би-си.

На 77-годишниот Трамп, доколку биде осуден му се заканува максимална казна затвор од четири година, која, како што наведува британскиот сервис, тој би можел да ја избегне и да се соочи со друга санкција.

Поранешниот американски претседател се товари дека преку својот адвокат ѝ исплатил 130 000 долари на Сторми Даниелс за да молчи за нивната наводна афера, пред изборите во 2016 година.

Во врска со обвинувањата, Трамп се изјасни за невин оценувајќи ги како политички мотивирани.

Судењето на Трамп, кое експретската јавност го оценува како историско и без преседан, доаѓа во пресрет на кампањата за претседателските избори во САД, што ја отвора можноста потенцијалниот кандидатот на републиканците да стане осуден за кривично дело, неколку месеци пред граѓаните на земјата да излезат на гласање.

Судењето, кое денеска ќе започне со избор на поротата, се очекува да трае од шест до осум недели, а во фокусот ќе бидат парите што Трамп ги исплатил преку својот поранешен адвокат Мајкл Коен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button