• петок, 17 мај 2024

Извори: САД, Велика Британија и ЕУ вршат притисок врз ОАЕ да ги спроведат санкциите воведени против Русија

Извори: САД, Велика Британија и ЕУ вршат притисок врз ОАЕ да ги спроведат санкциите воведени против Русија

Абу Даби, 1 мај 2024 (МИА) – САД, Велика Британија и ЕУ вршат притисок врз Обединетите Арапски Емирати да покажат дека се остри против компаниите кои ги избегнуваат санкциите воведени против Русија поради војната во Украина, изјавиле извори запознаени со ова прашање.

Претставници на САД, Велика Британија и ЕУ ја посетија заливската држава минатата недела како дел од пошироките координирани напори за спречување на санкционираната стока да стигне до Русија, изјави портпаролот на британскиот министер за надворешни работи, одбивајќи да даде други детали.

Изворите рекоа дека официјални лица во серија одвоени состаноци побарале од ОАЕ да споделат детални трговски информации за нивниот извоз во Русија и реекспортот на таканаречената стока со двојна употреба што се користи и за цивилни и за воени цели. јт/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан