Утрински Весник
Македонија

(Видео) Спасовски: Храната за полициските службеници со новата јавна набавка е поквалитетна, а 30 отсто поевтина

(Видео) Спасовски: Храната за полициските службеници со новата јавна набавка е поквалитетна, а 30 отсто поевтина
Ss2

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието во врска со јавната набавка за обезбедување храна за полицијата, истакна дека МВР веќе дало одговор до јавноста дека за оваа јавна набавка нема апсолутно ништо спорно од процедурален и законски аспект.

dobivaj vesti na viber

„Направена е врз основа на анализа и економска оправданост, која е основа за да се распише каква било јавна набавка во делот на ваквите услуги за набавка на храна, односно избор на оператор, кој практично ќе нè снабдува со храна“, рече Спасовски.

Ss1

Тој додаде дека во неговиот мандат обновени се кујните по најсовремени стандарди итн.

„Втората работа, не само што се реконструирани туку имаме изградено нови објекти. Последниот нов објект изграден во МВР беше во 2005, а ние за 6 години изградивме дополнителни два објекта од стратешко значење за МВР: еден во Прилеп – ИКТ-центарот и новиот форензички центар. Остануваат уште два објекта, односно две кујни, кои ќе се реконструираат бидејќи се работи за угостителски објекти на МВР“, рече министерот Спасовски.

Министерот Спасовски категорично ја негира констатацијата дека првпат во историјата на независна Македонија ѝ се дава објект за исхрана на приватна компанија, која треба да снабдува некоја единица.

„Не е точно, зашто објектот што беше земен под закуп, надвор од касарната ‘Илинден’, за таму да биде служена храна на САЕ ‘Тигар’, цело време функционира со оператор што е од надвор. Цело време во текот на 12-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ беше склучен договор со кафеана од Скопје. Не со фирма, туку со кафеана! Без никакви стандарди, без никаква гаранција и без никакво осигурување што се однесува на користењето храна доколку се случи во одредени ситуации да имаме труење со храна“, ги демантира изнесените дезинформации министерот Спасовски додавајќи дека сега, по повеќе од 40 години од основањето на Единицата, разликата е јасна.

„Сега, за разлика од тогаш, имаме објект што го презедовме од Министерство за одбрана и во САЕ ‘Тигар’ направивме нов објект. Знаете каков беше тогаш војничкиот клуб и по какви стандарди е направен сега – во делот на исхраната. Ако сакате, може да разговарате со полициските службеници каква исхрана имале претходно, а каква имаат сега, дали се задоволни или не?! Истото тоа може да го направите и со економскиот оператор, кој ќе почне да работи и во Центарот за обука и во Полицискиот центар ‘Ѓорче Петров’”, рече министерот Спасовски додавајќи дека е добро оваа тема да се споделува во јавност за да се покаже колку ВМРО-ДПМНЕ работи против македонската полиција и МВР.

Во однос на оправданоста, министерот Спасовски потенцира дека економската анализа покажува оправданост бидејќи ова е рамковна спогодба, што не значи дека проценетата вредност треба да се искористи до крај, туку ќе се искористи во согласност со потребите.

Ss1

Можете да прочитате

Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да сноси одговорност

Мицкоски: Потребна е масовна излезност на 8 мај за да ги пратиме во опозиција ДУИ кои ја ограбуваат и ја ставаат Македонија на колена

Млад скопјанец пронајден починат во својот дом