Поврзете се со нас

Македонија

Академија Пандев се пофали со Матеј Цветаноски (ФОТО)

Објавено

на

Екипата на Академија Пандев го промовираше најновото засилување, а тоа е поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Матеј Цветаноски.

Цветаноски во изминатиов период имаше ангажни надвор од нашата земја во Унгарија и Албанија каде беше дел од Ѓирмот и Партизани. Сега тој се враќа дома и тоа во тимот кој првиот дел од шампионатот го заврши на десетто место.

Матеј во досегашната кариера може да се пофали и со настапи во Шкупи, Вардар, Пелистер и Македонија Ѓорче Петров.

Претходно „пандевци“ ги ангажираа Сандро Ембало, Неат Абдулаи, Иван Галевски, Бурхан Мустафа, Георгие Јанкулов, Агрон Руфати и Марио Врдољак.

,

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни