Поврзете се со нас

Англија

Евертон по 14 години го совлада Ливерпул на „Гудисон Парк“, Јунајтед со нов меч со шест гола (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Ливерпул доживеа болен пораз од градскиот ривал Евертон (2-0) во вечерашниот меч во Премиер лигата, негативен резултат кој е голем удар во трката за титулата.

Ова за „карамелите“ е прво славје на „Гудисон Парк“ против Ливерпул (во ПЛ) по пауза од 14 години, триумф со кој Евертон е чекор поблиску до опстанок во лигата.

Брантвејт го отвори резултатот во 27 минута, додека Калверт-Луин во 58 ги постави конечните 2-0.

Манчестер Јунајтед пак одигра меч со шест гола како пред неколку дена против Ковентри (3-3), но вечерва иако мораше да се испоти го доби Шефилд Јунајтед со 4-2.

Гостите двапати водеа, но Мегваер, Фернандеш (2) и Хојлунд донесоа посакуван триумф.

На другите две пресметки, Вулверхемптон го доби Борнмут со 1-0, Кристал Палас пак беше поуспешен од Њукасл со 2-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни