Вести Македонија Топ вести

Долгорочни кредити за нови компании од младите, укинување на данокот за купување на стан во кој живее газдата, 13 пензија – дел од економските мерки на ЗНАМ

Долгорочни кредити за новоформирани компании од млади, чии камати ќе ги субвенционира државата, финансиска поддршка за отворање на бизниси во руралните средини, укинување на данокот за купување на стан во кој живее сопственикот. Ова се дел од мерките од Програмата на Движењето ЗНАМ за парламентарните избори насловена како „Проглас за достоинствена Македонија.

Според Борче Серафимовски, во делот на социјалната политика, посебно се истакнуваат пензионерите, ранливите категории на луѓе и маргинализираните луѓе. За нив, како што нагласи, се предвидува усогласување на минималната пензија со минималната плата, 13-та пензија на крај на годината, како и усогласување и зголемување на земјоделските и социјалните пензии.

„Првата мерка ќе овоможи оваа категорија на граѓани, со најниски пензии, да има достоинствен и спокоен живот, финансиска стабилност и егзистенцијална независност. Дополнителната  пензија за пензионерите ќе биде во форма на субвенција со која истите покрај редовните две квартални зголемување на пензиите ќе добијат и трето годишно зголемување од дополнителни 8.3 проценти, кое ќе произлезе од ребалансот на Буџетот на државата на крајот од годината и пренаменување на средствата дефинирани со закон, наместо како до сега, трошење на истите како непродуктивни трошоци.  Со третата мерка се предвидува зголемување на земјоделските и социјалните пензии од 30 проценти, со цел обезбедување на подостоинствен на земјодлеците и  подигнување на општиот животен стандард на овие граѓаните и нивните семејства“, рече Серафимовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Викендов со нешто попријатна временска состојба – Временска прогноза за 11.5.2024

Дејан Дејан

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе