Лукас Хернандез и дефинитивно го пропушта ЕВРО 2024

Дефанзивецот на ПСЖ и на француската репрезентација Лукас Хернандез и дефинитивно ќе го пропушти ЕП 2024 во Германија поради повреда. Стоперот на „светците“ заработи повреда на дуелот со Борусија Дортмунд во полуфиналето во Лигата на шампионите, а денеска се покажа дека тој ќе паузира неколку месеци.

Поточно, Хернандез ќе паузира 6-7 месеци поради скинати лигаменти на коленото. Со тоа и официјално репрезентацијата на Франција ќе биде без еден од главните дефанзивци на престојното ЕВРО 2024.

Проблематично за Франција е тоа што би можел да остане и без првиот голман Мајк Мањан, кој има повреда, и натаму се чекаат снимките и анализите дали ќе може да настапи на евро шампионатот.

Се вчитува...