Македонија

Исплатите од „Мој ДДВ“ се очекуваат кон крајот на јануари или почетокот на февруари

На крајот на јануари или почетокот на февруари, граѓаните кои скенираат фискални документи ќе ги добијат средствата од МојДДВ, односно повратокот на данок за октомври, ноември и декември на претходната година. Според законските одредби, Управата за јавни приходи треба да ги исплати овие средства во рок од 60 дена по завршувањето на тримесечјето.

Проектот МојДДВ, се реализира веќе четири години, ја покажува својата успешност со исплата на преку 120 милиони евра на граѓаните. Овие финансии директно влијаат на семејните буџети на повеќе од 500.000 корисници на овој проект.

Од јануари 2023 година, граѓаните кои скенираат фискални сметки имаат можност да зголемат износот на враќање на ДДВ, кој изнесува до 2.100 денари по корисник за едно тромесечје, односно 8.400 денари годишно. Во случај на двајца корисници во едно семејство, тоа составува дополнителни 16.800 денари годишно во семејниот буџет.

Оваа иницијатива не само што дава дополнителен приход на граѓаните, туку и придонесува во намалувањето на сивата економија, бидејќи се забележува зголемен интерес за барање на фискални документи и пријави за неиздавање на истите.

Препорачуваме:

Стратегијата за инклузија на Ромите е темел на суштинските политики

Попишани повеќе од 200.000 граѓани за четири дена

Ване Трајков

Се зголемува цената на бензините