Клоп има порака за својот наследник: „Доаѓаш во најдобриот клуб во светот, помеѓу најдобрите луѓе“

Германскиот тренер Јирген Клоп по девет години на кормилото на Ливерпул, летово дефинитивно си оди од „Енфилд роуд“ и ќе се одмора од фудбалот. Црвените веќе подолго време се во потрага по неговиот наследник, а најверојатно тој ќе дојде до Холандија.

Иако се очекуваше нов тренер на Ливерпул да биде Португалецот Рубен Аморим, сепак, актуелниот тренер на Феенорд, Арне Слот, се очекува да биде заменета за Клоп на клупата на Црвените.

„Не знам кој ќе биде новиот тренер. Навистина би сакал тоа да биде Арне. Ми се допаѓа неговиот стил на игра и знам дека е добар тренер“, рече Клоп.

Германецот имаше и порака за неговиот наследник.

„Би му кажал дека ова е најдобрата работа на светот. Најдобриот клуб на светот и најдобрите луѓе“, додаде тренерот на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести