Де Бројне си оди од Сити, клубовите од Саудиска Арабија се подготвени да платат вистинско богатство

Еден од најважните фудбалери во успесите на Манчестер сити во последните сезони, Кевин де Бројне, на крајот од сезоната ќе си оди од „Етихад“. Неговата моментална вредност според „Трансфермаркет“ е 60 милиони евра, а оваа сума може да ја платат само екипите од Саудиска Арабија.

Најзагреани за неговите услуги се од Ал-Наср, екипата во која настапува и Кристијано Роналдо, но Арапите за услугите на белгискиот интернационалец освен за високото обесштетување, ќе треба да го одврзат ќесето и за неговата плата. Де Бројне во Манчестер сити заработува 21 милион евра по сезона, па се очекува неговата плата и во Саудиска Арабија да биде слична.

- Оглас -

Најнови вести