Регион

71 казна за пречекорувања на брзината во Југоистокот, 14 од нив во Струмица

На 4.2.2024 во периодот од 13.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.

Притоа, биле констатирани 71 пречекорувања на брзината, од кои 33 на подрачје на Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија, 14 на подрачје на Струмица и 8 на подрачје на Валандово. Од нив, 53 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 18 во населено место.

Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Препорачуваме:

Видео: Последни подготовки за фестивалот „Под кулите на Струмица“

Сузана Мицева

Асфалтиранo централнo Василево

Ване Трајков

Видео- Крводарителството да се унапредува порачаа од Црвен крст од Форумот во Струмица

Ване Трајков