logo
logo
logo

Австрискиот МНР Александар Шаленберг

„Русија секогаш ќе биде важна за Европа, да се мисли поинаку е заблуда“ (ВИДЕО)

Vecer | 26.03.2023

„Русија секогаш ќе биде важна за Европа, да се мисли поинаку е заблуда“ (ВИДЕО)

Русија секогаш ќе остане важна за Европа, изјави австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг, велејќи дека „да се мисли поинаку е заблуда“.

Шаленберг, исто така, застана во одбрана на втората по големина банка во Австрија, Рајфајзен Банк Интернешнл, велејќи дека е неразумно да се повикува австриската банка за водење бизнис во Русија додека толку многу други западни компании сè уште го прават истото.

„Да се ​​мисли дека повеќе нема да има Русија и дека можеме да се разделиме во сите области е заблуда“, изјави Шаленберг за Ројтерс, додавајќи дека иако Австрија ќе ги прекине односите, тоа „не може да се случи преку ноќ“.

„Достоевски и Чајковски остануваат дел од европската култура, без разлика дали тоа некому му се допаѓа или не. Русија ќе продолжи да биде наш најголем сосед. Таа ќе остане втора најголема нуклеарна сила во светот“, посочи тој.

Да потсетиме, Австрија, која има воена неутралност загарантирана со нејзиниот Устав, не е членка на НАТО алијансата.

Во вчерашното интервју за Ал Џезира, австрискиот министер за надворешни работи изјави дека конфликтот во Украина „не е црно-бел“ како што се прикажува.

Фото: принтскрин

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk