Штип УГД со последен тренинг ја заврши сезоната, од клубот си заминаа Моради и Абхар

Одбојкарскиот клуб Штип УГД во вчерашниот тренинг ја заврши оваа за нив историска сезона, откако во истата го освои Купот на Македонија за првпат, а притоа беше и на чекор да го освои и првенството.

Штипските одбојкари во салата „Јордан Мијалков“ го освоија Купот со што ја прекинаа доминацијата на Струмица, а потоа и во првенството во финалните натпревар загубија токму од Струмица каде штипјани беа на чекор да испишат нова историја.

Од клубот си заминуваат Амирабас Моради и Махди Абхар, додека пак третиот интернационалец Махди Задмард останува и следната сезона во дресот на Штип УГД.

Следната година пред Штип УГД се нови предизвици како на домашната, така и на европската сцена.

Александар Ванев, М-Нет