Јазикот е нашиот идентитетски белег кој мора да го чуваме и негуваме, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-На денешен ден пред 79 години е усвоена македонската азбука како официјално писмо на македонскиот јазик. Низ вековите нашите претци опстојале и го негувале јазикот, кој преку азбуката добил своја пишана форма. Нашата традиција е исткаена низ едно богато фолклорно творештво кое е од непроценлива вредност за нас. Оваа богата традиција, која се темели на македонскиот непокор, сме должни да ја зачуваме, негуваме и унапредуваме. Како идна влада ќе преземеме многу активности за афирмација на јазикот, за да го оставиме уште многу векови по нас, напиша тој на својот Фејсбук профил.