ТЕРА

REKLAMA???

ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИ ВО ЗДРАВСТВОТО ДО 4000 ДЕНАРИ ПО ИЗБОРИТЕ

По завршување на изборите средномедицинскиот и техничкиот кадар во јавниот здравствен сектор ќе добие покачување до 4000 денари. Ова меѓу другото беше кажано на денешниот состанок на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ. На средбата присуствуваше и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов кој го најави традиционалниот синдикален протест за денот на трудот 1 Мај.

Ограничувањата во работата на сите сегменти кои се директно врзани со пари за време на избори се основата на непотпишувањето на анексот колективен договор во здравството. Требаше да се потпише пред изборите, тоа не се случи, па затоа се случи протестот пред Mинистерството, велат претседателите на Сојузот на синдикати на Македонија и Самостојниот синдикат на здравство.  Барањето останува, треба да се потпише.

„По нашиот протест кој го организиравме на 8 април имавме прием кај техничкиот министер; тој беше отсутен, но беше присутен неговиот шеф на кабинет, така што, сите тие го поздравуваат нашето барање, очекуваат дека потпишувањето веднаш по завршувањето на изборите и формирањетои на владата ќе се случи но факт е дека во овој момент имаме еден вакуум простор.“ вели Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

„Ние како синдикат и минатата година успешно ја завршивме со зголемувањето на платите меѓутоа за жал оваа година здравствените работници кои се повеќе од 20 илјади во Македонија , со непотпишувањето на анексот на колективниот договор од страна на владата произлезе дека не се вреднуваат доволно .“ рече  Слободан Трендафилов ,претседател на ССМ.

Здравството е еден од столбовите на државата, гломазен  ама  осетлив и многу значаен систем, а платата за вложениот труд е еден дел што мотивира, вели Каранфиловски, какодел од Самостојниот синдикат кој лани потпишал два анекси на колективни договори за зголемување на платите во здравството.

„Корекцијата на платите во здравството може да се случи на два начина: едниот е со потпишување на анекс на колективниот договор со кој ќе се направи корекција на коефициентите на вработените во здравството , а вториот е со потпишување на спогодба за вредноста на единица коефициент со која се пресметуваат платите. Во овој случај ние пристапивме кон потпишување на анекс со корекција на коефициентите така да, во нето износ, има корекција на коефициенти со различен износ /коефициент но вредноста во овој момент по основ на платата, покачувањето се однесува за сите вработени во здравството, па во нето износ ќе имаме покачување од 2.200 до 3.900 / 4.000 денари во нето износ на покачуавање на плати, а најголемото покачуавање го имаат медицинските сестри. “ – објасна денеска на собирот д-р Каранфиловски.

И последниот протест во државата се однесува на здравството – т.н приватни специјализанти бараат зголемување на надоместокот за студии, здравствено осигурување и плата.

„Тоа е веќе политика на министерството за здравство. Тоа се сеќавам го направи министерот Венко Филипче кога дојде ситуација на нивно препознавање во делот на додатокотза плата  што го добиваат во овој момент. Сепак е недоволно, факт е дека е недоволно, но, како синдикат ние ја даваме подршката, но во исходот од ова не влијаеме многу, тоа треба да го направи министерството за здравство. “ – вели Каранфиловски.

Колективниот договор е една од главните алатки на синдикатите, вели Трендафилов и мора да се склучуваат што е можно повеќе, затоа што така се намалува можноста за манипулација од страна на креаторите на политиките. Пет протести на синдикални организации се одржаа во државата во месец април – протестираа здравствените работници, се протестираше во Македонски шуми, културните работници. Тоа е одговорот и на критичарите на работата на Синдикатот кои сметаат дека протести се реализираат пред избори, не во време на кампања.

„Сега е токму моментот кога работникот не треба да биде само глас, туку треба да биде најгласен! Затоа што сите овие политичари кои излегуваат и ветуваат на работниците треба да слушнат што им е потреба на работниците, а не што ќе им го ветат тие на работниците. Работниците потоа имаат можност да ги држат за збор и уште во првите 100 дена да очекуваат испорачување на резултати од нивната страна. “ – вели Трендафиловски.

И двајцата претседатели ги повикаа членовите и сите граѓани годинава де се приклучат на првомајскиот протест на синдикатите. Фактот дека избори се во тек подразбира дека политичарите кои се кандидираат мора да знаат кои се барањата и волјата на работниците.