Ѓоргиев главен на Чаир, Пилешков патува во Кавадарци, Пројковска ќе им суди на новите второлигаши

Во недела ќе се одиграат натпреварите од 32. коло од Првата лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на истите.

Крумислав Ѓоргиев ќе им суди на Шкупи и Брера Струмица, Стојанче Трпчевски ќе го суди мега дербито во Тетово меѓу Шкендија и Струга Трим Лум, Доне Ристовски ќе им суди на Гостивар и Работнички.

Димитар Пилешков ќе биде главен во Кавадарци каде ќе играат Тиквеш и Воска Спорт, Јован Качевски ќе им суди на Силекс и Вардар, а пак Ивана Пројковска ќе им суди на новите второлигаши односно Македонија ЃП и Брегалница.

* ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 32. КОЛО ПРВА ЛИГА:

Шкупи – Брера Струмица, Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Шкендија – Струга Трим Лум, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Гостивар – Работнички, Доне Ристовски (Гевгелија)
Тиквеш – Воска Спорт, Димитар Пилешков (Штип)
Силекс – Вардар, Јован Качевски (Струга)
Македонија ЃП – Брегалница, Ивана Пројковска (Скопје)

Александар Ванев, М-Нет