Поврзете се со нас

Италија

Занети: Жал ми е за Мурињо…

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо веќе некое време е без ангажман и тоа откако ја заврши приказната со италијанскиот прволигаш Рома.

Клубот од Рим одлучи да се раздели со Португалецот и на неговото место го назначи Даниеле Де Роси кој има солидни резултати, но останува да се види како ќе ја заврши сезоната.

Хавиер Занети кој сега ја извршува функциијата потпреседател на Интер има добар однос со Мурињо кој го изгради за време на епизодата на стратегот на „Џузепе Меаца“ кога калчолигашот го направи и најголемиот успех во својата историја, ја освои тројната круна.

-Сега е мирен. Жал ми е за него бидејќи знам колку се грижи за своите тимови. Тој не очекуваше вака да биде испратен… Де Роси во секој случај врши одлична работа, -порача Занети за „ДАЗН“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни