02.04.2025 05:21
Вести Свет

Џеј Ди Венс при посетата на Гренланд ја критикуваше Данска и повика на договор со Америка

Џеј Ди Венс за време на посетата на американската вселенска база Питуфук во Гренланд заедно со својата сопруга Уша Венс го критикуваше потпретседателот на Гринланд, дека дозволувал на островот упади од Кина и Русија.

„Не направивте добра работа. Недоволно инвестиравте во народот на Гренланд и во безбедноста на оваа неверојатна, прекрасна копнена територија“, рече Венс.

Венс ги повика жителите на најголемиот остров на светот да ги прекинат врските со Данска и да направат „договор“ со Америка.

Претходно овие планови беа отфрлени од данскиот крал Фредерик.

„Живееме во изменета реалност. Нема сомнеж дека мојата љубов кон Гренланд и врската со луѓето таму се недопрени“, напиша монархот на социјалните мрежи пред посетата на американскиот потпретседател.

Јенс-Фредерик Нилсен, новиот премиер на Гренланд, пред доаѓањето на Венс изјави дека Америка покажува „недостаток на почит кон народот на Гренланд“.

Голем број жители на Гренланд се противат на идејата за анексија, а тоа го покажаа и резултатите од спроведената анкета на населението во јануари.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно тврдеше дека на САД им е потребен Гренланд за да гарантира „мир за целиот свет“ и дека нивните водни патишта имаат „кинески и руски бродови насекаде“.

Потребен ни е Гренланд и тоа е важно за меѓународната безбедност. Мораме да го имаме Гренланд. Не е прашање дали мислите дека можеме без него? Не можеме“, рече Трамп.

Владимир Путин, рускиот претседател, пред посетата на Венс на Гренланд изјави дека плановите на Трамп во врска со островот се „сериозни“.

Тој изрази загриженост дека „членките на НАТО се повеќе го користат далечниот север како отскочна даска за можни конфликти“.

Џеј Ди Венс и неговата сопруга беа придружувани на патувањето од Мајк Волц, советник за национална безбедност на САД и Крис Рајт, секретар за енергетика.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски со критики за министерот за правда кој доаѓа од ЗНАМ- Филков има слаби перформанси

Дејан Дејан

Се излеа Маркова река кај селото Батинци

Дејан Дејан

Пратениците согласни во Топ Тема: Оправдан е револтот на граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе