Бојан Интернационале: По Селтик, Миовски вечерва стрелаше и против Глазгов Ренџерс

Македонскиот интернационалец и член на шкотски Абердин, ја потврдува од коло во коло својата добра форма, па ако пред неколку дена стрелаше против Селтик, вечерва погоди и против Глазгов Ренџерс.

Глазгов Ренџерс на домашен терен вечерва игра против Абердин на Бојан Миовски, а резултатот по првиот дел е 1:1.

Иако домашната екипа која е фаворит на хартија вечерва, први поведоа преку Матондо во седмата минута, Миовски пред крајот на полувремето, со спектакуларен погодок, го донесе Абердин во резултатски егал пред второто полувреме.

Несомнено дека во иднина, па и следното лето, многу големи европски екипи ќе се интересираат за услугите на Бојан Миовски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО