Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски влегуваат во вториот круг од претседателските избори

Кандидатите Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски од СДСМ ќе се соочат во вториот круг од претседателските избори.

Ова доаѓа откако тие освоија најголем број гласови, од пребројани 3.349 од 3.508 избирачки места според податоците на Државната изборна комисија, односно Силјановска Давкова која освои 348.452 гласови, двојно повеќе од Пендаровски кој освои 173.034 гласови.

Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски влегуваат во вториот круг од претседателските избори

Една четвртина од младите пречесто „висат“ на социјални медиуми, не реагираат на вести и не се слуша нивниот „политички глас“

Според анкетата на Институтот за комуникациски студии (ИКС), Мнозинството млади луѓе ги одбираат Инстаграм, Фејсбук и Јутуб како најинтересни за следење вести, а вестите за образование, наука и технологија им се најпривлечни. Иако веруваат дека само некои од информациите на социјалните медиуми се вистинити, а речиси една четвртина се загрижувачки пречесто на социјалните мрежи, за младите активното пребарување и реагирање на информациите не е вообичаено.

Се сметаат за способни да препознаат дезинформации во медиумите, но повеќе од половината можеби споделиле дезинформации без да знаат. Според младите, политиката и политичките партии се извор на најмногу неточни или погрешни информации. Додека нивните политичките ставови за општествените случувања во државата се нечујни.

Една четвртина од младите пречесто „висат“ на социјални медиуми, не реагираат на вести и не се слуша нивниот „политички глас“

[Инфографик] Речиси ништо не се прави за да опадне бројот на детски раѓања и (вон)брачни заедници

Бројот на девојчиња од 15 до 19 години кои живеат во брачна заедница е пет пати поголем отколку бројот на момчиња на оваа возраст, односно во брак живеат 1.355 адолесцентки наспроти 260 адолесценти. Истовремено, 1,9 отсто од вкупното женско население во оваа возрасна група има родено едно или повеќе деца, што е незначително намалување споредено со бројките од 2018 година.

Овие податоци се дел од публикацијата „Профил на детската популација во Република Северна Македонија“, која ги влече податоците од последниот попис во 2021 година, а воедно е и првиот документ што ги собира сите податоци за децата во земјава на едно место.

[Инфографик] Речиси ништо не се прави за да опадне бројот на детски раѓања и (вон)брачни заедници

[Видео] Саем на книга 2024: Што сакаат младите најмногу да читаат

Мирис на нови книги, позитивна енергија и возбудени вљубеници на пишаниот збор беше впечатокот со кој си отидовме од Саемот на книга кој оваа година се одржува под слоганот „Приказната се чита“.

Во какви приказни веруваат, што сакаат да прочитаат и колку се задоволни од изборот на книги поразговаравме со младите посетители.

[Видео] Саем на книга 2024: Што сакаат младите најмногу да читаат

Магистрантите и докторантите од јануари чекаат МОН да ги објави резултатите за стипендии

Четири месеци по објавување на конкурсот за стипендии за постдипломци и докторанти Министерството за образование и наука сè уште ги нема објавено резултатите.

Со Конкурсот за студенти на втор циклус во академската 2023/24 се предвидуваат 50 стипендии во износ од 9.000 денари, од кои 40 се наменети за природно-математичките науки, а десет за општествените науки. За студентите на трет циклус МОН предвиде 15 стипендии во висина од 18.000 денари. Но, до минатата недела немаше ниту исплата, ниту резултати.

Магистрантите и докторантите од јануари чекаат МОН да ги објави резултатите за стипендии

+ Бонус 

Ревизија ги објави извештаите за донации на кампањите на претседателските кандидати

Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги објави двата извештаи за донациите на изборните кампањи за претседателските избори кои ги поднеле седумтемина кандидати за претседател кои се поднесуваат на 11 дена од почетокот на кампањата и на 20-от ден од кампањата.

Според вториот извештај за кампањата на кандидатот Стево Пендаровски, поддржан од коалицијата „За европска иднина“, за неговата кампања биле донирани 31.912 денари од 3 физички лица, како и 115.005 денари од едно правно лице. Првиот извештај е празен.

Ревизија ги објави извештаите за донации на кампањите за претседателските кандидати

Средношколци од ГУЦ го посетија Радио МОФ 

Петнаесеттина ученици од скопското средно училиште „Здравко Цветковски“ (ГУЦ) ги посетија просториите на Радио МОФ и се запознаа со работата на нашиот медиум.

Средношколците ги прошетавме низ редакцијата, се запознаа како се „пече“ новинарскиот производ, која е улогата на новинарите во штитењето на јавниот интерес, а зборувавме за етичките и професионални стандарди.

[Фото] Средношколци од ГУЦ го посетија Радио МОФ

Граѓански иницијативи до партиите: Кој е вашиот став за загадувањето, урбанизмот, владеење на правото и квалитетот на живот?

Граѓанските иницијативи, независните иницијативи кои учествуваа на локалните избори и еко-здруженија до политичките партиите доставија прашања, на кои очекуваат конкретни одговори до 2 мај.

 „Со досегашното делување стекнавме искуство, но и големо знаење за состојбите и потребите за промени. Неброено пати ги повикувавме институциите за да бидеме заедно на страната на промените, за да се подобрува, унапредува и да се обезбеди квалитетен живот на сите граѓани. Затоа денес до политичките партии учесници на изборите доставуваме 18 прашања на кои наместо флоскули и демагогија очекуваме конкретни одговори со рокови, буџет и одговорни институции и личности. Само така ќе бидеме убедени дека се знае како да се променат работите, а не само да се ветува без план!“, соопштуваат тие.

Граѓански иницијативи до партиите: Кој е вашиот став за загадувањето, урбанизмот, владеење на правото и квалитетот на живот?

Тетовски средношколци преку графити порачаа „Стоп за булингот“

Дваесеттина средношколци од пет различни училишта од Тетово спроведоа креативна младинска акција насловена „Промовирање на толеранција и почит против врсничко насилство преку графити“.

„Користејќи ги графитите како алатка за подигање на свеста против врсничкото насилство, младите испратија силни пораки – со секој графит и со секоја употребена боја, тие ја истакнаа јасната порака дека врсничкото насилство не е прифатливо! Преку акцијата, овие млади луѓе отворија прашање за сите: ‘Дали ние како општество, сме доволно ангажирани за да го спречиме насилството меѓу нашите врсници’“, соопштија од Младински образовен форум (МОФ).

[Фото] Тетовски средношколци преку графити порачаа „Стоп за булингот“