Клеј Томпсон на радарот на Орландо Меџик

Орландо меџик ги сумира впечатоците од сезоната која штотуку заврши за нив по поразот од Кливленд со 4-3 во источната конференција, па сега веќе се насочува кон слободните агенти.

Меѓу нив ќе биде и искусниот шутер на Голден Стејт, Клеј Томпсон  кој, како што стојат работите, по 14 години ќе замине од франшизата од Сан Франциско.

На Орландо му е потребен добар шутер бидејќи тоа беше главна причина за поразот во серијата од Кливленд, а токму искусниот Томпсон е желбата на овој тим. На франшизата од Флорида и одговара и тоа што и кај Томпсон има заинтересираност за соработка со нив, па најверојатно тоа ќе биде еден од првите потписи летово.

Се вчитува...