Лоша вест за Реал пред финалето во ЛШ: Играчот од средниот ред има повреда

На 23 дена пред финалето во Лигата на шампионите, Реал Мадрид објави лоша вест за сите фанови. Аурелиен Чуамени, фудбалерот од средниот ред има повреда, и не е познато колку ќе паузира.

Клубот од Мадрид најави дека ќе соопшти повеќе детали при деталните лекарски прегледи.

Французинот ја доби пворедата на мечот со Баерн Минхен, а станува збор за „стрес на неговата лева нога“. Останува да се види дали повредата е од сериозна природа, или, пак, ќе следува само мала пауза во финишот на првенството.

Реал Мадрид веќе ја освои титулата во Шпанија, а ќе има можност да дојде и до 15-тата титула во ЛШ, откако во финалето на 1. јуни ќе се сретне со Борусија Дортмунд.

Се вчитува...