Кливленд надополни двоцифрена негатива, па со двоцифрена разлика ја доби мајсторката против Орландо (Видео)

Кошаркарите на Кливленд кавалирс се последните полуфиналисти во Источната конференција, откако ја добија мајсторката против Орландо меџик со 106-94. Донован Мичел со 39 поени повторно беше најдобар на паркетот, но овој пат за победа на својата екипа, откако на претходниот меч постигна 50 поени, но Кливленд загуби.

Мечот започна одлично за гостинската екипа, која постојано водеше се до највисоките +18 пред крајот на полувремето. Од тој момент па се до крајот на паркетот постоеше само една екипа. Кливленд не само што успеа да ја надополни двоцифрената негатива, на крајот и победи со двоцифрена разлика за конечни 4-3 во серијата против Орландо.

Кливленд во полуфиналето на Источната конференција ќе игра против Бостон, најдобрата екипа во НБА лигата во регуларниот дел.

- Оглас -

Најнови вести