Мишел оптимист за Украина во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, е оптимист дека во декември би можело да се донесе одлука за почеток на преговори со Украина и Молдавија за пристапување во Европската унија.

„Ја поддржуваме Украина и ќе ја поддржуваме Украина се додека е потребно. Од страната на ЕУ, веќе обезбедивме 83 милијарди евра за поддршка на Украина во различни области – финансиски, воени – и подготвени сме да направиме повеќе“, вели Мишел.

Европскиот совет ќе се состане во Брисел на 15-16 декември на состанок кој ќе биде историски важен за Украина.

Лидерите на земјите-членки на Европската унија ќе го разгледаат создавањето на таканаречениот украински механизам во рамките на повеќегодишниот финансиски механизам на ЕУ за 2024-2027 година во износ од 50 милијарди евра.

Друг важен резултат на состанокот би можел да биде одлуката за почеток на преговори со Украина и Молдавија за пристапување во Европската унија.