Top Sport

Лапорта и Чави сакаат да се ослободат од Левандовски – Атлетико внимателно ја следи ситуацијата

Џоан Лапорта успеа да ја стабилизира Барселона, но клубот се уште има финансиски проблеми. Барселона мора да продава за да донсе нови играчи, исклуок се оние кои се слободни. Таков е случајот со Гвидо Родригез од Бетис, кој според шпанските медиуми по завршувањето на сезоната како слободен играч ќе се пресели во Барселона.

Финансиската состојба, големата плата и возраста веројатно ќе го „избркаат“ Роберт Левендовски од клубот.

Полјакот има уште две години од договорот, но Лапорта и тренерот Чави планираат да го продадат Левендовски.

Кога Левандовски пристигна во Барселона како слободен играч, потпиша договор со клаузула неговата плата да расте секоја наредна сезона. Во сезоната 2024/2025, Левандовски од барселона треба да добие 23 милиони евра, што е преголема сума за клубот.

„Роберт Левандовски би можел да ја напушти Барселона ова лето. Чави и раководството на клубот веруваат дека тој нема да се врати на најдоброто ниво“, пренесуваат шпанските медиуми.

Со продажбата на Левандовски, Барселона добро би заработила, но и би ослободила простор во буџетот за плати за нови засилувања, што е и една од целите на Лапорта и неговите соработници.

Неодамна се зборуваше за наводни преговори меѓу Барселона и Атлетико Мадрид околу трансферот на Левандовски во овој клуб, но се уште се чека некоја официјална потврда.

Доколку се оствари трансферот, нема да биде првпат Барса и Атлетико да прават неочекувани трансфери, бидејќи такви трансфери се случуваа во последната деценија.

Интересно секогаш кога напаѓач на Барселона кариерата ја продолжил во Атлетико, клубот од Мадрид истата сезона ја освојувал титулата. Такви се примерите со Давид Виља и Луис Суарез.

Scroll to Top