23.8 C
Скопје
14:08 - 30 мај, 2024

Нова тужба против Жерар Депардје: „Брутално ме грабна“, сексуално ја вознемирувал

Поднесена е нова тужба против францускиот актер Жерар Депардје (75) за сексуален напад, наводно извршен за време на снимањето на филм во 2021 година, објави адвокатката Карин Дирије Дибол.

Правната застапничка веќе ја брани актерката Шарлот Арнол, наводната жртва на силување, за која во декември 2020 година веќе беше покренато обвинение против францускиот актер, а во петокот таа испрати нова тужба против Депардје до јавното обвинителство во Париз, со наводен сексуален напад, сексуално вознемирување и сексистички навреди.

Актерот досега беше обвинет за сексуално вознемирување и напад од 13 жени, но тој ги негира обвинувањата.

Пријавата овојпат ја поднела сценографката Амели (53), која за порталот Медиапарт изјавила дека на 10 септември 2021 година, Депардје прво ја навредувал, упатувајќи ѝ неколку вулгарни забелешки, а потоа „брутално ја грабнал“ и сексуално ја вознемирувал.

Инцидентот датира од 2021 година и, според адвокатката, не е застарен, а се случил на снимањето на филмот „Les Volets verts“ во Париз.

Пријавениот напад наводно бил спречен од телохранителите на актерот.

Повеќекратните обвинувања против Депардје во Франција ги поделија културните и кинематографските кругови, а феминистичките групи жестоко излегоа против оние кои се на страната на актерот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Air Mail (@airmailweekly)

Слични објави

(Фото) Први фотографии од Мелина Џиновиќ по разводот: Поминува на црвено светло, фрла ѓубре низ прозорецот…

Еспресо

Почина познатиот пејач на „Гранд“, ја загуби битката со тешката болест

Еспресо

(Фото) Сопругата на Амиџиќ шокираше со објавата: „Од мажот кој те изневерил…“

еспресо

Фута направи хаос на прашање за Карлеуша: „Илузорна супериорност, без можност да му се објасни на пациентот“

еспресо

Македонецот Мите и ќерката на Џеј под водство на Фута формираа „Џеј трибјут бенд“: „Изненаден сум што сум дел од овој тим“

еспресо

Врвен хирург открива од што боледува Кејт Мидлтон: „Има шанси оваа приказна да има среќен крај“

еспресо
Се вчитува....