Следете не

Спорт

Денес беа извлечени паровите на полуфиналето во Купот на Македонија за младиснки категории

Објавено пред

на

©ФФМ

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, се одржа ждрепка на која беа извлечени паровите за полуфиналете во рамките на Купот на Македонија за млади категории.

Натпреварите од полуфиналето на Купот за младинци ќе бидат одиграни на 16, 17 и 18 април.

Се игра по еден меч, доколку заврши нерешено се пристапува директно кон изведување на пенали.

РАСПОРЕД:

Младинци:

Пелистер – Беласица

А.П. Брера – Македонија Ѓ.П.

Кадети:

Шкупи – Шкендија

Брегалница – Вардар

Пионери:

Пелистер – Работнички

А.П. Брера – Шкупи

Помлади пионери:

А.П. Брера – Шкендија

Пелистер – Победа

Спорт

ЖФК Љуботен втора година по ред освојувач на Купот на Македонија во фудбал

Објавено пред

на

©ФФМ

Женскиот фудбалски клуб Љуботен втора година по ред е освојувач на Купот на Македонија, откако денеска на градскиот стадион во Велес, во реприза на минатогодишното финале успеа да издвојува минимална победа со 1:0 над екипата на Каменица Саса.

Aлександра Марковска е стрелецот на единствениот погодок и тоа директно од корнер на денешната финална средба во 90. минута.

ЖФК Каменица Саса: Фереира Да Силва, Гонзалс Руеда, Делгадо Бенедито, Иригучи Наноска, Ана Димитровска, Радица Велкова, Стефанија Маринковска, Драгана Костова, Фрагосо Туане, Елена Панеска, Стефанија Ристова

Тренер: Зоран Златковски

ЖФК Љуботен: Магдалена Лекоска, Ива Јованоска, Павлинка Николовска, Александра Марковска, Елена Симјанова, Наталиа Луана, Кармо Мартинс, Елена Петровска, Бојана Петкова, Христина Јошевска, Алваренга Диас

Тренер: Елена Петровска

Прочитај повеќе...

Спорт

Пол беше подобар од Медведев, победи на Зверев, Хуркач и Циципас во Рим

Објавено пред

на

Американскиот тенисер Томи Пол се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Рим, откако го совлада Русинот Данило Медведев со 6:1, 6:4. Моментално 16. тенисер во светот победи против четвртиот на АТП листата по час и 14 минути игра.

Противник на Пол во четвртфиналето ќе му биде Полјакот Хуберт Хуркач, кој беше подобар од Аргентинецот Себастијан Баес со 5:7, 7:6, 6:4. Местото во четвртфиналето го обезбеди петтиот тенисер во светот, Германецот Александар Зверев. Победи против Португалската калуѓерка Борхес со 6:2, 7:5.

Зверев годинава ќе го игра третото четвртфинале на Мастерсот, по Индијан Велс и Мајами, а противник ќе му биде Американецот Тејлор Фриц. И грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во четвртфиналето откако со убедливи 6:1, 6:2 го совлада Австралиецот Алекс де Минор.

Цисипас за пласман во полуфиналето ќе се бори со Чилеанецот Николас Џари, кој беше подобар од Французинот Александар Милер (7:5, 6:3).

Во четвртфиналето се пласираше и кинескиот тенисер Жижен Жанг кој го совлада Бразилецот Тиаго Монтеиро со 7:6, 6:3. Негов следен ривал ќе биде Чилеанецот Алехандро Табило, пренесува Danas.rs

Прочитај повеќе...

Спорт

Селими ќе го предводи тимот на Македонија до 17 години во фудбал

Објавено пред

на

Селекцијата на Македонија до 17 годфини има нов селектор. Ерхан Селими е новиот предводник на оваа млада селекција, каде доаѓа на местото на прерано починатиот Дашмир Беари.

Селими веднаш по назначувањето, започна со работа, бидејќи младата репрезентација на Македонија ја очекуваат два контролни натпревари. Селекцијата до 17 години  предводена од Ерхан Селими се наоѓа моментално во Црна Гора,, каде што ќе одигра два контролни натпревари  против соодветната селекција.

– „За мене ова е нов и голем предизвик. Нормално е дека е голема одговорноста да со води младата репрезентација на Македонија до 17 години. Подготвен сум да дадам се од себе и да ја оправдам довербата. Не очекуваат два натпревари, во кои ќе настапиме само со играчни од домашното првенство и ќе се обидеме да оставиме добар впечаток.. Немавме многу врееме за подолги и посериозни припреми , но верувам во добри настапи.”, вели Ерхан Селими.

Младата репрезентација на Македонија до 17 години денеска и во четврток ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора со почеток во 18 и 45, известуваат од ФФМ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп15 часа

Хороскоп за четврток (16 мај)

ОВЕН Секогаш може подобро и вие тоа најдобро го знаете, па поработете на организацијата и плановите во наредниот период. Ништо...

Спорт16 часа

ЖФК Љуботен втора година по ред освојувач на Купот на Македонија во фудбал

Женскиот фудбалски клуб Љуботен втора година по ред е освојувач на Купот на Македонија, откако денеска на градскиот стадион во...

Кичево1 ден

Вчера во Кичево автомобил удрил во пешаци-малолетнички, по што возачот избегал во непознат правец

На 14.05.2024 во 11.30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на булеварот .„Ослободување“ во Кичево, патничко возило удрило во...

Магазин1 ден

Ако телефонот ви бил украден – не грижете се! Google има решение за да го пронајдете веднаш

Google лансираше апликација која ќе ви помогне да го пронајдете изгубениот телефон. Губењето на телефонот е како кошмар во денешниот...

Свет1 ден

Минатото лето беше најжешкото во последните два милениума

Научниците користеле податоци од дрво години од локации низ западната хемисфера за да ги проценат глобалните температури помеѓу првиот век...

Магазин1 ден

Продадени 12 милиони за 12 недели: Оваа видео игра го сруши рекордот!

Поставен е нов рекорд за најбрзо продаваната видео игра PlayStation, објави Sony Interactive Entertainment. Тоа е Helldivers 2, која се...

Македонија1 ден

Авто-плинот од денес конечно со намалена цена за литар, после подолго време

„ТНГ“ за автомобили „плин“ од денес со намалена цена за литар, односно цената е намалена за 1,5 денар. Како што...

Спорт2 дена

Пол беше подобар од Медведев, победи на Зверев, Хуркач и Циципас во Рим

Американскиот тенисер Томи Пол се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Рим, откако го совлада Русинот Данило Медведев со 6:1,...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (15 мај)

ОВЕН Учествувајте во она што се случува околу вас, во спротивно ќе бидете изоставени кога станува збор за донесување одлуки...

Спорт2 дена

Селими ќе го предводи тимот на Македонија до 17 години во фудбал

Селекцијата на Македонија до 17 годфини има нов селектор. Ерхан Селими е новиот предводник на оваа млада селекција, каде доаѓа...

НАЈЧИТАНИ