Search

Богоев – Хакверди: Почетокот на преговори е целосно заслужен

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев денеска се сретна со пратеникот во германскиот Бундестаг од редовите на Социјалдемократската партија на Германија, Метин Хакверди.
Богоев и Хакверди заеднички се согласија дека ова е клучен период за исчекор на државата во евроинтегративниот процес преку започнување на преговори и дека затоа треба да се искористи дадената шанса, затоа што местото на Северна Македонија и вредносно и цивилзациски е во ЕУ.
Потпретседателот Богоев се заблагодари за германската поддршка што државата ја добива во континуитет, особено во делот на евроинтеграциите и поддршката на реформскиот процес.
Двајцата соговорници истакнаа дека економската соработка меѓу двете земји е на одлично ниво и дека таа дополнително ќе се продлабочува што е особено важно во време на светска економска криза и тешкиот зимски период што претстои.
Треба да знаете
Последни објави