Огромна чистка во Сити: Некои играчи не може да ги спаси ни Гвардиола!

Манчестер сити воопшто не игра сезонава согласно посакувањата на навивачите на тимот, но пред се и на челниците на клубот кои подготвуваат голема „чистка“ низ следните два преодни рока.

Како што пренесуваат англиските медиуми, веќе е одлучено од клубот да се ослободат дури шест досега стандардни првотимци. Огромен е притисокот и врз Пеп Гвардиола, па доколку се продолжи на овој начин под голем знак прашалник е и неговото останување по јуни следната година.

Како што се наведува првиот кој ќе го напушти клубот е искусниот стопер Рубен Диас, а негова замена ќе биде Марк Гуехи. Кевин Де Брујне исто така е играч кој ќе го напушти Сити до крајот на јуни, па со оглед на тоа што му истекува договорот во јуни 2025 ќе може како слободен играч да си замине.

Исто ќе биде и со Илкај Гундоган на кого договорот му завршува на крајот од сезоната, а клубот би можел да го напушти и десниот бек Кајл Вокер. Последните денови ги брои и голманот Едерсон кој веќе има добра понуда од Саудиска Арабија, а ПСЖ, пак, сака од јуни да го доведе Бернардо Силва.

Се вчитува...