Беше еден од најдобрите голмани, доби отказ, па сега дојде до ниво да тренира со аматери

Шпанскиот голман Давид де Хеа цели 12 години беше незаменлив на голот на Манчестер јунајтед, период во кој имаше примат како еден од најдобрите во светот. Сепак, само во еден момент кариерата на Де Хеа тргна во надолна линија.

На крајот од минатата сезона доби отказ, и тоа на денот кога прославуваше годишнина од бракот. Дека едноставно нелогичен беше неговиот отказ, покажа и наградата Златна ракавица, која ја доби на крајот од сезоната која за него беше последна во дресот на Манчестер јунајтед.

Многумина очекуваа Де Хеа брзо да најде нов клуб, посебно ако се знаат неговите квалитети и фактот дека има 33 години, што се најзрели години за голманите. Сепак, Де Хеа не потпиша никаде, едноставно остана без клуб и за него оваа сезона пропадна.

Да остане во форма, Де Хеа периодов беше забележан како тренира со екипата на Алтринхам, која игра во аматерски ранг во Англија.

Едноставно нереално делува фактот дека Де Хеа е дел од екипа која игра во Националната лига на Англија.

Шпанските медиуми сега шпекулираат дека за Де Хеа се интересира тимот на Бетис, но и за тоа да се случи треба да се почека до летниот преоден рок.

- Оглас -

Најнови вести