15.04.2025 06:31
Вести Македонија Топ вести

Лекарска комора со реакција по политичките посети на повредените во Кочани: Здравјето да е врвен приоритет, да се почитуваат протоколите

Здравјето на повредените во пожарот во Кочани да е врвен приоритет, апелираат попладнево од Лекарската комора на Република Северна Македонија, преку соопштение до јавноста.

-Лекарската комора ја поздравува навремената реакција на надлежните институции во нашата земја, како и срдечната помош и поддршка што ја даваат другите држави со згрижување на најтешко болните пациенти повредени во пожарот во Кочани. Овој начин на организација е клучeн зa пациентите да добијат вистинска шанса, со соодветна и високо стручна медицинска помош, да ја надминат тешката здравствена состојба во која се наоѓаат. Поддршката што ја добиваме од другите држави, како со згрижување на пациентите, така и со лекарска експертиза, заедно со посветената работа на нашите доктори, е, најважна во овие моменти за да се спречи да расте бројката на трагично загинати, наведуваат во соопштението.

Лекарската комора апелира и да се почитуваат медицинските протоколи за лекување и заштита на ваков тип пациенти, кои предвидуваат изолација и забрана за посети.

-Мора да се има предвид дека овие болни имаат мултисистемско засегање на организмот и зголемен ризик од инфекции. Секој дополнителен контакт со надворешни лица, директно и сериозно, може да го загрози нивното здравје. Присуството на цивилни лица кај овие болни, исто така, може да предизвика и непотребен стрес и вознемиреност, како и да го попречи работењето на медицинскиот персонал, истакнуваат од Комората.

Оттаму ги повикуваат сите институции, политичари, медиуми, граѓани и здравствени работници, да ги почитуваат медицинските протоколи, а здравјето на повредените да го сметаат за највисок приоритет.

-Веруваме дека со таков однос, ќе се постигне поголема доверба кај јавноста, отколку со непотребни директни посети на болните, потенцираат од Комората.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Јурел” со 193 km/h по автопатот Скопје-Тетово

Дејан Дејан

Повторно напад врз медицински лица- ги нападнал додека му пружале помош во тетовскиот клинички центар

Дејан Дејан

Зафиров: Секој судија и обвинител кој кренал глас против начинот на работење на оваа држава го снемало од радарот на судството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе