Економија 07.03.2024 08:01

Србија очекува да биде најпривлечна за работниците од Македонија и Албанија

Србија очекува да биде најпривлечна за работниците од Македонија и Албанија

Вицепремиерот и министер за финансии Синиша Мали на Бизнис форумот Копаоник најави дека од 5 март, ќе почне имплементацијата на системот за препознавање на заедничките работни дозволи меѓу Србија, Македонија и Албанија.

-Од 5 март, така што ќе стапи на сила системот за препозвање на работните дозволи меѓу Македонија, Албанија и Србија. Ова многу ќе придонесе за развојот на пазарот на трудот и флуктуацијата на кадрите, изјави Мали.

Тој кажа дека тоа ќе значи дека имате ситуација некој што има работна дозвола, на пример во Албанија, може да работи во Србија и обратно.

-Имајќи го предвид нивото на платите, нивото на развој и нивото на БДП, нескромно очекуваме дека најголемиот број луѓе ќе го најдат своето решение и желба да работат во Србија, рече Мали.

За да можат граѓаните на Србија, Албанија и Македонија да се вработат во некоја од земјите на Отворен Балкан или оние кои веќе нашле работодавач, треба да имаат ИД број на ОБ што ќе го креираат електронски.

Ова подразбира дека корисникот има електронски идентитет на својот национален Портал за е-управа, а потоа во неколку чекори креира свој ИД број на Отворен Балкан.

Граѓаните на Србија до Идентификациски број (ИД) на Отворен Балкан, кој им овозможува да користат услуги во рамките на иницијативата Отворен Балкан (ОБ), можат да пристапат преку порталот е-Управа. Граѓаните на Македонија и Албанија го креираат својот ИД на Отворен Балкан преку нивниот национален портал за електронска управа. ()