Обдукцијата врз телото на 14-годишната Вања Ѓорчевска во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје е завршена во текот на вчерашниот ден и телото е предадено на семејството, потврдуваат за МКД.мк извори од истрагата. Анализите по извршената обдукција која треба да ги утврди причините за насилната смрт, времето кога девојчето починало… се во тек и откако целосно ќе завршат, ќе биде изготвен обдукционен извештај кој со сите комплетни податоци и анализи ќе биде предаден на Основното јавно обвинителство Скопје. Овој извештај ќе биде дел од клучните докази во истрагата за овој грозоморен настан. Четиринаесетгодишното девојче кое исчезна на 27 ноември во 7,30 часот, беше најдено убиено неколку дена подоцна.
Поврзани објави
Две лица приведени за пукањето во Арачиново
Две лица се приведени под сомнение за помагање во вчерашниот обид за атентат врз градоначалникот на Арачиново. Извори…
Во јуни поскапува струјата?
Се крои нова цена на електричната енергија. Колку ќе биде зголемувањето енергетските компании се уште калкулираат. Првиот човек…
Ривалот на Орбан најавува екстрадиција на Груевски ако победи на изборите
Парламентарните избори во Унгарија ќе се одржат пролетта 2022 година. Според последните анкети рејтингот на здружената опозиција, чиј кандидат е Марки-Заи, е…
Момчето што ја закла баба си во Драчево ќе биде сместено во психијатриска установа
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за изрекување…