Лига на шампиони
Дембеле со прва изјава по огромната победа на ПСЖ и свирежите кои ги доби од навивачите на Барса
Усман Дембеле имаше лош старт на натпреварот и се соочи со доста проблеми при контролата на топката, но како што одминуваше времето, Французинот успеваше да се адаптира на непријателската атмосфера во Барселона.
Поради начинот на кој си замина од клубот, фановите на Барса не му простија и го исвиркуваа при секој допир со топката, меѓутоа на крајот токму Усман е оној кој го заврши мечот со насмевка на лицето.
Иако работите не почнаа добро за ПСЖ, црвениот картон на Араухо го промени цел тек на мечот, па така гостите од Париз направија огромен пресврт и со победа од 1:4 се пласираше во полуфиналето.
– Ова беше многу тежок натпревар за нас, дојдовме од Париз со негатива, но бевме максимално концентрирани и знаевме што треба да направиме. Мислам дека заслужено победивме на крајот. Сите играчи бевме концентрирани и игравме само на победа од првата минута.
– Сите сме среќни после еден ваков расплет, Барселона е голем клуб и навистина ми се допаѓа како функционира, но сега сум во ПСЖ. Се пласиравме во полуфиналето и наша цел е големото финале. Свирежите од навивачите? Го сфаќам незадоволството на навивачите, но за мене тоа не е многу важно. Таков е животот, се добиваат свирежи на сите стадиони ширум светот, – изјави Дембеле за „Мовистар“.
-
Македонијапред 21 час
„Комити“ разочарани: Не сте свесни колку сме бесни (ФОТО)
-
Балканпред 23 часа
Барди постигна атрактивен гол во големиот пресврт на Трабзон (ВИДЕО)
-
Европски куповипред 20 часа
Уникаха ја освои ЛШ, поранешен играч на Карпош Соколи беше прогласен за МВП (ВИДЕО)
-
Францијапред 22 часа
Лион „одигра“ за ПСЖ, „светците“ официјално се француски шампиони (ВИДЕО)
-
АВТО МОТОпред 11 часа
Иџе сподели видео: Вака се вози Ферари!
-
НБАпред 11 часа
Клиперс ја доби пеколната битка со Далас во Тексас, „метла“ за Феникс (ВИДЕО)
-
Светпред 20 часа
Димитриоски и Димитриевски одлични, Валјадолид го реши фаворизираниот Гранолјерс
-
Англијапред 13 часа
Кин го промени мислењето за Халанд: Сега игра како играч од…