Ромите се интегрален дел од нашата заедница. Тие не се само малцинство, туку луѓе со богато културно наследство, кои поседуваат своја музика, јазик, историја и традиција. Тие не се само наши соседи и пријатели, туку и колеги, со кои споделуваме исти права и достоинства како и било кој друг член на општеството, изјави премиерот Христијан Мицкоски на настанот во рамките на прославата на Меѓународниот ден на Ромите на 8ми Април. Мицкоски појасни дека целта на владата не е само да ги толерира Ромите, туку да овозможи целосна рамноправност во секој аспект на општествениот живот. Според него, денешниот ден не треба да ја означува само одбележувањето на овој празник, туку и потврдување на определбата кон рамноправност и непрекинат напредок. Мицкоски нагласи дека Меѓународниот ден на Ромите е ден за оддавање почит кон нивната историја и култура, но и ден за подигнување на свесноста за сите предизвици со кои се соочува ромската заедница. Владата, истакна тој, е силно посветена на уклучување на Ромите и обезбедување на равни можности во образованието, како и на нивното вклучување во пазарот на труд преку различни програми и иницијативи кои целат да ги подобрат нивните социјални и економски услови.
Пронајдете не на следниве мрежи: