Браќата на Јокиќ повторно прават проблеми? Се огласи навивач

од Nikola Popovski

Браќата на НБА-ѕвездата Никола Јокиќ, Страхиња и Немања беа на трибините на четвртиот натпревар од првата рунда на НБА плеј-офот. Денвер загуби од Лејкерс со 119:108, а по скандалот што го предизвика Страхиња, браќата на српскиот центар се вратија на трибините.

Страхиња на вториот натпревар од оваа серија удри навивач во глава, по што беше покрената истрага.

И покрај тоа, НБА лигата им дозволи да се појаватна трибините за време на натпреварите во Лос Анџелес, а како што тврди еден навивач на Лејкерс, тие биле многу лути кога ја напуштиле арената „Криптоком“.

„Браќата на Јокиќ нервозно ја напуштаат салата. Дури се обидоа да ме турнат (се смее)“, тврди еден навивач на Лејкерс, кој ги сликал браќата одзади.

Во четвртиот меч против Лејкерси, Јокиќ забележа трипл-дабл од 33 поени, 14 скока и 14 асистенции и беше најефективниот играч на теренот.

Слични содржини