Вести Македонија Најважни

(Видео) Страотна сообраќајна несреќа утрово на Партизанска во Влае

Утрово булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае е затворен за сообраќај поради тешка сообраќајна несреќа која се случила рано утринава, а во која учествуваа две возила.

Првично нема информаци за жртви но од она што можеше да се види на терен едното од возилата беше буквално пресечено на половина од силината на ударот.

Во моментов екипи на МВР го регулираат сообраќајот на овој дел кај бензинската пумпа Макпетрол.

  • „Денеска (07.05.2024) во 02.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(32) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(27) од с.Сарај, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возачот Б.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, додека неговиот сопатник И.А.(32) од сЉубин, скопско, исто така, се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР.

Во сообраќајната несреќа учествуваа возило ауди и шевролет спарк.

Сообраќајот се пренасочува на другите сообраќајни делници, а дел од возилата се обидуваат да го заобиколат местото преку бензинската пумпа макпетрол.

Првично според изјави на сведоци ударот настанал на крстосницата кај пешачкиот мост, на семафорите.

Едното возило се вклучувало од страната на школото, а другото најверојатно со голема брзина се движело по булеварот партизански одреди.

Повеќе информации очекуваме во текот на денот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе