Top Sport

(Видео) Лече експресно му врачи отказ на тренерот Даверса

Тренерот на Лече, Роберто Даверса ја шокираше италијанската јавност со инцидентот што го направи по завршувањето на натпреварот со Верона. Лече, вчера, загуби од Верона (0:1), а по натпреварот тренерот го удри противничкиот фудбалер Томас Хенри.

Додека се чека Дисциплинската комисија на Серија А да ја одредеи казната за дивјачкиот потег, Лече експресно реагираше и го отпушти тренерот.

„По настанот на мечот меѓу Лече и Верона, Лече ја известува јавноста дека е прекината соработката со тренерот Роберто Даверса, му благодариме нему и на неговиот стручен штаб“, стои во соопштението на Лече.

Лече до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во Серија А. По 28 натпревари, Лече еден бод го дели од опасната зона, со 25 поени го дели 15.место со Емполи, зад нив се Удинезе и Фросиноне со по 24, Сасуоло со 23, односно Салернитана со само 14 поени.

Scroll to Top