ГЕРМАНИЈА НА НОЗЕ: Момче со аутизам го нема веќе шести ден, тивката тактика не успеа

156

Во Германија сè уште трае потрагата по шестгодишното момче со аутизам кое во понеделникот го напуштило својот дом и истрчало во блиската шума, како што покажува видеото од надзорната камера.

На северот на Германија веќе шести ден трае големата потрага по шестгодишното момче со аутизам, кое исчезна во понеделникот во близина на градот Бремерворде, западно од Хамбург.

Во потрагата учествуваат бројни доброволци, специјални кучиња и војници со специјална технологија, чиј број во петокот се зголеми на 450, јавува германската новинска агенција Дпа.

Шестгодишниот Аријан во понеделникот вечерта го напуштил домот на своите родители во Елмо. Надзорна камера го снимила како трча кон блиската шума.

Стотици луѓе ја контролираат областа веќе неколку дена, а во петокот германската армија ја зголеми поддршката на вкупно 450 војници.

Со оглед на тоа што момчето има аутизам и не реагира кога некој ќе го повика или разговара со него, тие користеа посебна, тивка тактика во операцијата за пребарување, но засега не била успешна, јавуваат германските медиуми.

На почетокот на неделата, меѓу другото, со надеж дека ќе го привлечат момчето, бил поставен огномет, а пожарникарите закачиле слатки и балони во шумата во близина на неговата куќа.

Потоа ја прошириле областа за пребарување користеле дронови и хеликоптер со надеж дека ќе го забележат момчето од воздух. Го користеле и авионот „Торнадо“, кој фотографирал од воздух со термална камера. Потрагата продолжува и денеска долж реката Оста која полициски нуркачи веќе ја пребаруваа на почетокот на неделата.

Како што пишуваат германските медиуми, родителите на момчето бараат од локалното население да ги пребара нивните имоти, гаражи, како и разни шахти и канти за отпадоци, бидејќи не ја исклучуваат можноста некаде да се крие. Поради тоа, собирањето смет во тој простор е откажано до понатамошно известување.