Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Пет дена во месецот треба да се одвојат за диета

Охрид, 8. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – До подобро здравје со одвојување на само пет дена во месецот за диета, советуваат нутриционистите.

Ова важи особено за ригорозните диети, затоа што доколку долго сте на еднолична исхрана, постои опасност организмот сосема да заслабне, или да се постигне несакан ефект, наместо посакуваното губење на килограми.

Доколку сте на диета само со компири или само на овошје и зеленчук подолго време, нема да ги примате сите потребни хранливи состојки, кои ги има во останатите видови на храна, а телото нема да може да ги надомести.

Затоа доколку сте подложни на диети, тоа правете го секој месец по неколку дена. Времетраењето не е поврзано со посебните режими на исхрана, туку само со диетите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука