Оваа заштита, според зададените поставки, ќе биде глобално вклучена за корисниците на возраст под 18 години. Meta им препорачува и на „постарите“ корисници да го вклучат истото
Функцијата пристигнува како дел од напорите за заштита на малолетниците од злоупотреба и сексуално експлоататорски измами, најавува Meta.
Целта на функцијата е да ги обесхрабри корисниците да испраќаат несоодветна содржина на други корисници, особено на малолетните, кои треба да внесат точни податоци за датумот на раѓање доколку ја сакаат оваа заштита.
Во пракса, функцијата ќе им покаже порака на корисниците на Instagram кои добиваат несоодветни фотографии, која ќе им каже да не се чувствуваат под притисок да одговорат, со опции за блокирање и пријавување на испраќачот. Корисниците кои ќе се обидат да испратат ваква фотографија ќе добијат слична порака, со таа разлика што содржината на таа порака ќе предупредува за опасностите од споделување чувствителни фотографии.
Meta наведува дека функцијата користи машинско учење на уредот за да ја анализира содржината на сликите испратени преку опцијата за пораки на Instagram. Од Meta наведуваат и дека компанијата нема да има пристап до овие фотографии освен ако не се пријавени.
Сепак, пред функцијата да стане глобално достапна, таа ќе биде тестирана, пишува Wall Street Journal.