Search
Од 28 до 30 јуни во Дојран

Уште едно издание на популарниот Д Фестивал

Од 28-ми до 30-ти јуни во Дојран ќе се одржи уште едно издание на популарниот Д Фестивал. Фестивалот се одржува од 2011 година секое лето на отворено во Дојран.

Од организацијата веќе ги најавија првите музички учесници на настанот.

Lil Pump, Elemental, Peach Vice, Sanatorium, Sama Abdulhadi, Zoster, Ruzno Pace, Bullz, Luka Chombe, Nomad, Црно Собрание и многу други музички имиња ќе се појават на неколкуте фестивалски сцени, а се најавени и други изведувачи чии имиња ќе биле наскоро соопштени.

Д Фестивал е поддржан од страна на Министерството за култура, како проект од национален интерес во музичката и музичко-сценска дејност. Фестивалот секоја година привлекува голем број на посетители, не само од земјава, туку и од регионот.

Билетите за цела програма за цел фестивал се пуштени во продажба и изнесуваат 1.500 денари, додека пак за цела програма и камп место цената им е 1.600 денари.

Најново

Последни колумни