Огромен бод за Удинезе на гостувањето кај Наполи

Наполи испушти значајни бодови во битката за излез во европските натпреварувања следната сезона откако во 35. коло од Серија А ремизираше со 1-1 против Удинезе во натпревар во кој гостите стигнаа до огромен бод во судиското продолжение од второто полувреме.

Откако мрежите мируваа во првото полувреме со гол во 51. минута Осимен донесе предност од 1-0 за Наполи, а неаполитанците беа и на чекор до три бода до самиот крај на средбата пред Саксес во 92. минта да изедначи на 1-1.

 

Ова е значаен бод за Удинезе кој се бори во битката за опстанок и со 30 освоени бодови се наоѓа на 18. место на табелата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...